Општина Велес се откажува од Новогодишна прослава, со парите ќе им помогне на дваесетина сиромашни семејства
И годинава ќе нема организиран дочек за Нова Година во Велес. Вработените во општинската администрација и градоначалникот одлучиле наместо за новогодишен дочек парите да ги донираат во хуманитарни цели . Со сто давесет илјади денари, пари од буџетот ќе се направат пакети со храна и хигиенски средства и ќе им се доделат на дваесетина најсиромашни семејства во градот.
– Овие семејства ќе ги најдеме преку Центарот за социјална работа. Е сега дали тоа ќе биде помош во храна, хигиенски средства или пак можеби огрев ќе видиме во зависност од нивните потреби. Значи општина Велес нема да прави никакви прослави и сите средства од ставката на советот за финансиска помош ќе бидат наменети за најсиромашните семејства, рече градоначалникот Славчо Чадиев.
Вработените од општинската администрација веќе покренале иницијатива за донирање на парични средства. И тие ќе се вклучат со својот придонес да ја збогатат барем малку празничната атмосфера на нивните сограѓани./Д.С