Запален „Мерцедес“ во Велес
Објавено на 15 август, 2018 во 08:28
Патнички автомобил, марка „Мерцедес Ц180“ еден час по полноќ е опожарен во двор од семејната куќа на ул. „Гоце Делчев“ во с. Отовица – Велес, информираа од СВР Велес.
„Возилото е со штипски регистарски броеви, сопственост на С.И (64) од Велес. Од страна на екипа од Територијалната противпожарна единица – Велес возилото е изгаснато. Увид на местото на настанот изврши екипа од СВР Велес“ рече портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски./А,Д