Во сообраќајка, што се случи на главната сообраќајница во Велес, прво настрада пешак а потоа и полицаец
Минибус „Аутосан“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.П.(63) од Велес удрил во пешакот П.Ц.(58) од Велес вчера вечер, понеделник 14 јануари, околу 18 часот на улица „Благој Ѓорев“ во Велес. Пешакот од ударот се здобил со телесни повреди, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Општа болница – Велес и по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување.
На истото место во временски интервал од 30 минути се случила и втора сообраќајка во која настрадал и полицаецот кој го обезбедувал местото додека вршел обезбедување за да се реализира увидот на екипата од СВР Велес. Полицаецот бил удрен од патничко возило „Фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управуван од А.Н.(45) од Велес.
Од ударот полицискиот службеник се здобил со телесни повреди и со службено возило бил пренесен во Општата болница Велес.
По укажаната помош тој бил пуштен на домашно лекување. Извршен бил увид на местото на настанот./У.Ј