Градскиот базен во Велес доби потенцијален закупувач
Објавено на 18 јуни, 2019 во 13:13
На електронското јавно наддавање за закуп на Градскиот базен, во сопственост на општината, што денеска се одржа во Општина Велес, се јави еден понудувач. На наддавањето постигната е цена од 61.000 денари за месечна закупнина на базенот.
Иако почетната цена на јавното наддавање изнесуваше 74.000 денари единствениот наддавач сепак ја симнал цената на 61.000 денари. Тој на јавноста ќе треба да и биде познат деновиве, најдоцна до петок, 12 јуни, до кога треба да ги уплати парите.
На јавното наддрвање, на кое можеа да конкурираат заинтересирани физички и правни лица, градскиот базен се нудеше за користење во период до три години./У.Ј