По приватните, полициска контрола и на возилата за јавен превоз во Велес, Кавадарци и Неготино
Објавено на 17 јули, 2019 во 15:04
Вкупно 43 возила кои вршат јавен превоз на патници во Велес како и во соседните градови Кавадарци и Неготино биле контролирани, вчера, вторник 16 јуни од страна на полициските службеници на Секторот за внатрешни работи во Велес. Технички неисправни биле само три возила. Возилата се од Велес, каде полициските службеници контрола спровеле на 23 возила што вршат јавен превоз на патници. На возачите на неисправните возила им се изречени соодветни казни.
Според соопштението на СВР Велес во Кавадарци, каде биле контролирани 10 возила и во Неготино каде се контролирани 12 возила, ситe биле исправни./У.Ј