Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

krv fin

Поради зголемениот број на назгоди и интервенции, во текот на летните месеци секогаш има голема потреба од залихи на крв. Затоа Црвен крст на Република Македонија и Општинска организација Велес во вторник на 13 август и во среда на 14 август во фоајето на зградата на театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес ќе реализираат Летната крводарителска акција.

Акцијата и во двата дена ќе трае од 07:30 до 14:30 часот.

Од Општинска организација на Црвен Крст - Велес апелираат до велешани да бидат хумани.
- Токму Вашата крв може да спаси човечки живот. Крвта е незаменлив лек, секојдневно потребна за да се продолжат многу животи. Дарувајте мал дел на Летната крводарителска акција ,затоа што можеби некогаш и вас ќе би затреба, пишува во соопштението на велешкиот Црвен Крст./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново