Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

topola padnata vo Prevalec fin

Силниот ветер што синоќа го зафати Велес турна стеблото на топола, високо дваесеттина метри, на фудбалското игралиште во населбата Превалец. Околу 19.30 часот, дел од стеблото паднало на игралиштето на кое петнаесет минути претходно тренирале фудбалерите на ФК „Превалец“ и за среќа во моментот на случката се наоѓале на друг дел на теренот.

-Нема повредени фудбалери но глетката беше стравична, вели тренерот Диме Маневски.

Управата на клубот за случката информирале во Општина Велес од каде денеска на лице место излегла инспекторката за заштита на животна средина Билјана Шуркова Манаскова. Претходно општинската комисија за постапување со оштетени дрвја направила увид и ја обележала тополата за сечење но било потребно време за да се обезбедат услови за сечење на високи дрвја па затоа до вчера не била исечена тополата.

- Бидејќи е останат голем дел од стеблото на распуканото и паднато дрво како и за уште други две стебла веќе е издадено решение за сечење на ЈКП Дервен. Постапката е итна и треба да заврши до 25 август, рече инспекторката.

Според Шуркова Манаскова освен паднатата ќе треба да се исечат уште две други стебла на канадска топола околу фудбалското игралиште додека на шест ќе им се кастрат гранките.

- За другите дрвја, за кои во првиот момент е одлучено само да им се искастрат гранките, ќе се обратиме до шумското стопанство Бабуна како покомпетентни за вакви високи дрвја да ни дадат и нивно мислење. Доколку биде донесена одлука да се исечат, ќе биде постапено, додаде инспекторката.

Општинската инспекторка апелира до велешани во услови на јак ветер или доќд, поточно невреме, да не стојат или да не ги паркираат своите автомобили под дрвја и дрвореди. Особено тоа да не го прават под крошните на неколку децениски дрвја./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Општина Велес ја известува јавноста дека, започнувајќи од понеделник, 24 февруари 2020 година, Друштвото за производство, промет и услуги „Стентон Градба” ДОО с. Долно Оризари – Битола, врз основа на склучен Договор со Јавно претпријатие за државни патишта, ќе започне со изведба на градежни активности на местото викано „Цуцка”, во близина на манастирите Св. Ана и Св Димитрија.

За време на градежните работи за санација на свлечиштето (одронот) на регионалниот пат Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), сообраќајот ќе биде времено изменет.

Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот, како и до сите жители кои гравитираат кон овој дел од градот, за внимателно управување со моторните возила и движење на пешаците и почитување на поставената вертикална сигнализација (сообраќајни знаци и дополнителни информативни табли).

Со почит,

Општина Велес

Rontis oglas 2

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 06/03/2020 година .

Швајцарска мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала заради зголемување на својот постоечки капацитет во Велес има потреба да вработи:

Техничар  во оддел за  одржување

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:

  • ССС (Електро- техничар,  Машински техничар и др. сродни занимања)
  • Познавање на англиски јазик
  • Познавање на работа со компјутери
  • Со или без работно искуство ( предност имаат кандидати со работно искуство со машини )

Локација : Велес

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со слика на  hrmk@rontis.com  или на адреса: ДПТ РОНТИС  ДООЕЛ Велес  с. Долно Оризари бб, Велес 1400  задолжително со назнака за Техничар, најдоцна до 25/02/2020 година .

 
   
   
   
   

Најново