Еден починат велешанец и шест новозаболени, денеска, од коронавирус во Велес
9.05.2020
Со шесте новозаболени, денеска, вкупниот број се искачи на 107 лица. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина пациент од Велес на 58 годишна возраст, хоспитализиран пред една недела со тешка форма на болеста, приклучен на механичка вентилација од 6 мај. Ова е петта жртва на опасното инфективно заболување во градот.
Во изминатите 24 часа направени се 411 тестирања, а потврдени се 36 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-7, Куманово-4, Прилеп-4, Тетово-12, Велес-6, Гостивар-1, Пехчево-1 и Берово-1. Досега во земјата се направени вкупно 18821 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1622, бројката на оздравени пациенти е 1112, на починати е 91, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 419.
– Скопје 6
– Куманово 2
– Прилеп 1
– Тетово 1
– Македонски Брод 1
– Пехчево 1
– Виница 1