(ФОТО) Хотел „Романтик“ почна со работа и ги чека првите гости по прекинот поради епидемијата на коронавирус
Објавено на 28 мај, 2020 во 15:10
28.05.2020
Хотелот е подготвен и согласно најновата одлука на Влада започна со работа денеска, 28 мај. Таму е преуреден просторот, поставени се маси и столчиња како и фотељи и клупи на соодветна оддалеченост откако целиот простор на покриената тераса, околу базените и покрај езерскиот брег е дезинфициран.
-Согласно препораките за заштита од Ковид 19, сите површини се темелно езинфицирани и масите се поставени на соодветно растојание. Ве очекуваме!, рекоа од Хотел Романтик./У.Ј