Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

SVRVeles fin

8.07.2020

Во СВР Велес, вчера во 13.30 часот, било пријавено дека на место викано „Грнчкишки лаки“, покрај брегот на реката Вардар, било пронајдено тело на починато машко лице. Локацијата е во Општина Градско.

- На лице место бил извршен увид на крим-техника. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје, рече Верољуб Додевски портпарол на СВР Велес.

Судска медицина и МВР треба да ги утврдат причините за смртта како и идентитетот на пронајденото тело во реката.

Синоќа, неофицијално, се спомнуваше дека е можно телото да е на исчезнато лице од Велес пред околу еден месец./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново