Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Pinev fin

31.07.2020

Во најтешките моменти на велешкото семејство Пиневи, загуба на сопруг, татко и син, тие одлучија да бидат донори на два бубрега и срце. Со нивниот хуман гест ќе можат да спасат два животи, затоа што има граѓани кои чекаат на трансплантација на бубрег но, за жал не и трет, на срце поради тоа што во државата нема во моментов компатибилен пациент.

Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче кој прв се заблагодари за покажаната хуманост на семејството Пиневи кога соопшти дека утрово на Клиниката за Урологија биле експлантирани два бубрега од 46 годишен пациент кај кого вчера беше потврдена мозочна смрт.

--Во моментов, во тек е првата трансплантација на бубрег кај 35 годишна девојка која веќе неколку години е на дијализа, по што ќе следи и втората трансплантација. За жал, овој пат немавме соодветен примател на срцето и тоа нема да биде трансплантирано. Се заблагодарувам на семејството на донорот, кое во моментите на најголема болка одлучи да ги донира органите и да спаси уште најмалку два животи-изјави Филипче.

Погребот на Борче Пинев (46) е закажан за утре, сабота 1 август, во 12 часот на новите градски гробишта во Раштани, крај Велес.

Пинев во изминатите осум години ја извршуваше функцијата државен правобранител за подрачје Велес. Тој почина вчера претпладне откако пет дена се борел за живот на КАРИЛ во Скопје. Несреќата во која се здоби со тешки повреди на главата се случи на 25 август кога се обидел да исече гранка на дрво што му пречела на прозорец од неговиот стан. Пинев се лизнал и паднал.

Борче Пинев беше сопруг и татко на две малолетни близначки, шестооделенки во Велес./С.А

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново