Денеска, петок, 14 август, се очекува евидентирање на уште три новозаразени велешани со Ковид-19
14.08.2020 година
Од почетокот на епидемијата со Ковид 19 во Општина Велес има вкупно 241 заразени граѓани, од нив 200 се оздравени и 13 починати лица. Во дневната статистика што за петок, 14 август, ќе ја објави Министерството за здравство, се очекува да бидат регистрирани три новозаразени граѓани од Велес во изминатите 24 часа. Бројот во меѓу време можно е да се промени.
Исто така на територијата на Општина Велес активни се 28 лица од кои 23 се лекуваат дома додека пет на Инфективното одделение во Општа болница Велес.
Во изминатите тринаесет дена од месец август евидентирани се 19 новозаразени и 11 оздравени велешани од Ковид 19.
-Денеска на Инфективното одделение во Општа болница Велес се лекуваат вкупно 16 пациенти. Двајца се негативни и еден не е потврден, пет од вкупниот број на хоспитализирани се од Велес, а другите 11 од Кавадарци. Во текот на вчерашниот ден еден пациент жител на Кавадарци и еден на Свети Николе со потешка слика се препратени на третман во Инфективна клиника во Скопје. Три медицински сестри во моментот од велешката болница се на испомош во Градската Општа Болница „8 Септември” во Скопје, рече градоначалникот Аце Коцевски.
Тој овие податоци ги соопшти претпладнево, по завршување на 22 седница на Општинскиот кризен штаб.
На седницата исто така било соопштено дека во периодот од 8 август до 14 август полицијата казнила 109 граѓани за неносење на заштитна маска./У.Ј