Полицијата во Велес изрекла 6.501 казна за не носење на заштитна маска
28.01.2021
Од стапувањето во сила на мерката на Владата за задолжително носење заштита на лицето, од мај до декември минатата година, во Велес од страна на послицијата се изречени вкупно 6.501 казна.
– Според евиденциите на Сектор за внатрешни работи Велес, од почетокот на мерката во мај во (првите неколку месеци) дневно беа казнувани по неколку граѓани во Велес за не носење заштитна маска на лицето, потоа бројката се зголеми на педесетина, додека во последните месеци бројката на казнети граѓани се движи од 20 до 30 на дневна основа- соопшти Верољув Додевски, потпаол на СВР „Велес“.
Од почетокот на јануари до денеска, полицијата во Велес казнила околу 300 граѓани за не носење на заштитна маска, во просек по околу 20 лица дневно, а најмногу 32 граѓани биле казнети за изминатите 24 часа, од вчера до утрово. Најмалку казнети се изречени во деновите 11 и 12 јануари, кога се санкционирани само осуммина велешани за два дена.
Тој потенцира дека порастот на заболените од Ковид-19 за жал придонел за поголема совесност на граѓаните и дека најголем дел од нив, па и помладите последниве месеци носат заштитни маски.
– Против сите прекршители на Сектор за внатрешни работи Велес се поднесени соодветни казнени мерки. Казната е 600 денари ако се плати во рок од осум дена од изрекување на казната или 50 отсто, а по тој рок се наплатува целата казна од 1.200 денари, додаде Додевски.
Стефани Манева
#СВР #НосамМаска #Велес #Ковид-19