Велешани на плажа, Езеро Младост полно со капачи (ФОТО)
Пеколните жештини ја наполнија првата плажа и летниковците покрај брегот на Езеро Младост. Денеска таму не можеше да се најде слободно место. Голем број на граѓани спасот од високите температури го бараа во езерската вода а имаше и такви коишто се сончаа и седеа на брегот на езерото. Освен за капење максимално искористени се и сенките под дрворедите од страна на велешани за седење.
Според граѓаните што денеска го минат денот на Езеро Младост за разлика од градот е по свежо покрај езерскиот брег и пријатна за капење е водата во езерото. Дел од присутните рекоа дека бројот на посетители за капење се зголемува во попладневните и во вечерните часови кога велешани по завршување на работното време се почесто и помасовно доаѓаат за да се капат во Младост.
Исто така, место се бара на летниковците и навечер кога тие масовно се користат за вечерни седенки и дружби.
Убавка Јаневска