Велешанка помеѓу 12 македонски жени на билборд изложбата „Иднината е женски род“

Објавено на 9 март, 2023 во 15:58

Воопшто не е тешко да се открие кој лик на Велешанка е дел од изложбата „Иднината е женски род“ што вчера вечер беше отворена во ИСТ Гејт мол во Скопје. Ликот на  хуманитарката Ленче Здравкин се наоѓа на еден од вкупно 12 билборди коишто се составен дел на изложбата. Хуманитарката е дел од изложба на македонски жени коишто се хероини во својата област на работа и ангажирање.

Изложбата „Иднината е женски род“ ја отвори Елизабета Ѓоргиевска сопруга на Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, добредојде на присутните им посака и Моника Сандри, претставничка на Обединетите Нации во Македонија и евроамбасадорот Дејвид Гир.

Фото: Свечено отворање на изложбата, евроамбасадор Дејвид Гир, Елизабета Ѓоргиевска и Ленче Здравкин

На отворањето на изложбата присуствуваше дипломатскиот кор во државава како и бројни министри во македонската Влада.

Организатор на изложбата е Делегацијата на Европска Унија во државава.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.