(Видео и фото) Велешките пензионери не отстапуваат од барањата за линеарно покачување од 3.500 и минимална пензија од 18.000 денари

Објавено на 7 септември, 2023 во 10:03

Овие барања ги повторија пензионерите на синоќешниот протест на плоштад „С`рмаале“ кога освен што зборуваа за мотивите коишто ги извадија надвор од нивните домови упатија бројни пораки до централната власт која, како што рекоа, ни по 30 денови од пензионерските протести не ги зема во предвид и не им ги исполни.

Додека пред зградата на Централниот регистер дел од пензионерите ги слушаа тројцата говорници, Кире Василевски, Тодор Дуковски и Цветанка Петровска имаше и дел кој ја блокираа улицата „8 Септември“, на потегот кај фонтана на плоштад „С`рмаале“.

Дума.мк ви ги пренесува обраќањата на Василевски, Дуковски и Петровска.

Пензионерскиот протест во Велес започна со интонирање на македонската химна и заврши со бројни пораки пред се до пензионерите кои сеуште не се охрабриле и не излегле да ги бараат своите брава, до младите чија поддршка според пензионерите е значајна затоа што и тие еден ден ќе бидат корисници на пензионерскиот фонд, до пратениците во македонското собрание чии плати се финансирани и од долгогодишните пензионерски платени придонеси, до не искреноста на централната власт која од една страна зборувала дека во државниот буџет нема пари за покачување на пензии а од друга дозволила функционерско зголемување на плати од 78 % и по исплатата на августовската пензија на сметката на Здружението на пензионери легнале еден милион евра.

Еден од бројните сомнежи што вчера вечер се слушна на протестот беше дека од македонскиот пензиски фонд биле исплаќани пензии и на граѓани од Косово.

Протестот го организира Иницијативен одбор на незадоволни пензионери.

Убавка Јаневска

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.