(Видео и фото) Велешки Градски парк, по трет пат, домаќин на Меѓународни спортски игри „ДИГ“
Со изведба на државната и химната на Велес, вчеравечер, во Градски парк Велес започнаа третите велешки Спортски игри „ДИГ“. Двете химни ги изведоа оперската певица Орхидеа Дукова и деца од велешката детска градинка „Димче Мирчев“.
Организаторите и помагателите на спортската манифестација добија пофални зборови за организацијата и реализацијата на петдневната спорска манифестација од спортскиот Амбасадор, Панче Ќумбев особено во настојувањето да му го вратат на Велес приматот на спортски град.
Бубе Црвенпанов од ЗГ „Евентиве“ ги прогласи за отворени третите велешки Спортски игри „Диг“ откако ги поздрави учесниците спортисти, поддржувачите и помагателите на спортската манифестација.
Годинава на спортската манифестација учествуваат 560 натпреварувачи од кои 70 од странство коишто се натпреваруваат во мал фудбал, во одбојка на песок, во три на три баскет, во тенис и во е-спорт.
Спортските натпревари, вчера вечер, беа посетени од голем број на граѓани. Сите трибини беа преполни со навивачи.
Голем беше и бројот на граѓани кои дојдоа во Градски парк каде на отворено седеа, се дружеа, слушаа музика или се забавуваа. Тие дополнително му дадоа живот на паркот во ноќните часови.
Температурата на воздухот во Градски парк беше неколку степени пониска од онаа во градот чии улици останаа празни додека „жешка“ беше атмосферата на спортските терени и трибини на кои натпреварувачите се бореа за победа.
Убавка Јаневска