(видео) Општината ги постави па ги извади челичните столбови од велешките тротоари на кои требаше да стои вертикална сигнализација
Челичните столбови, кои беа со многу ниска висина и поставени на средина од тротоарите спроти зградата на Основен суд Велес и вториот на плочник пред комплекс згради „Чешел“ се отстранети. Градоначалникот Марко Колев објасни дека на нив требало да биде поставена вертикална сигнализација како дел од проектот за уредување на Централно градско подрачје. После поставувањето на челичните столбови но и реакциите од граѓаните и тоа колку пречат на нормалното функционирање, бидејќи на плочникот кај комплекс „Чешел“ не било возможно ниту родител со количка да помине, општината во конслутација со преставниците од Европска Унија решиле истите да бидат отстранети.
Колев додаде дека овие метални конструкции никогаш не биле наменети за билборди иако на почетокот имало такви реакции од граѓаните. Исто така, додаде дека фирмата за поставување на билборди во градот е променета бидејќи понудила подобра понуда од останатите, но дека локациите за поставување на билбордите се одредени претходно, пред тој да стане градоначалник.
Дума.мк веќе пишуваше на оваа тема, „Раскопаните тротоари во центарот на Велес дополнително товарени со метални шипки а билборди „насадени“ и кријат панорами“ ,исто така, прашувајќи го градоначалникот Колев зошто има поставено челични столбови на несоодветни места во централно градско подрачје.
Стефани Манева