Вкупно 38 возачи казнети за возење со брзина поголема од пропишаната
Објавено на 2 септември, 2021 во 15:03
При контрола од страна на полициски службеници утврдено е дека еден возач ја пречекорил брзината за над 70 километри на час повеќе од пропишаната.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека вкупно 38 возачи ја пречекориле брзината од кои поголемиот дел, 27 надвор од населено место и 11 во населено место.
Акциската контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната била спроведена на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Велес, во текот на вчерашниот ден, 1 септември, од 08:00 до 20:00 часот.
Стефани Манева