Во неготинско село татко скршил стакло од врата и го повредил својот син

Објавено на 22 јануари, 2024 во 14:45

Дваесет и осум годишен маж од неготинско село, вчера, во Одделение за внатрешни работи Неготино го пријавил својот татко којшто во семејната куќа по претходна расправија со него и неговата сопруга, скршил стакло од врата и го повредил.

Педесет и девет годишниот Р.А од неготинското село, вчера, во 15:30 часот бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од Одделение за внатрешни работи Неготино постапувајќи по претходна пријава од неговиот син.

Како што соопштуваат од СВР Велес, Р.А бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Дума.мк

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.