Во велешка болница хоспитализирани 11 ковид пациенти, тројца на кислородна поддршка
Објавено на 12 април, 2022 во 12:12
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2022/04/bolnica-logo-1-1.jpg)
Во ЈЗУ Општа болница Велес вкупно се хоспитализирани 11 ковид пациенти од кои двајца се потврдени позитивни, четворица се сомнителни и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка се тројца пациенти. Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат шест и на Интерно Б одделение пет, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
Во изминатите 24 часа на болничко лекување е примен еден пациенти и двајца пациенти се испишани како оздравени.
Стефани Манева
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)