Во велешка болница хоспитализирани седум ковид пациенти
Објавено на 25 март, 2022 во 12:19
Во велешка болница вкупно се хоспитализирани седум пациенти од кои двајца се потврдени позитивни и пет пациенти се со негативен тест но задржани на болничко лекување.
-На кислородна поддршка е еден пациент, соопшти д-р Елена Левкова Ќулумова, портпаролка на ЈЗУ Општа болница Велес.
Од болничките пациенти на Инфективно одделение се лекуваат двајца и на Интерно Б одделение пет пациенти.
Стефани Манева