Започна изградбата на стационар за миленици
Објавено на 8 мај, 2023 во 12:32
Од денеска започна изградбата на Регионален центар за згрижување на бездомни миленици за општините од Вардарски плански регион.
Локацијата на објектот е во населба Глишиќ – кавадаречко, на површина од 5470 м2.
Целосната финансиска конструкција на овој проект изнесува 14 892 319 денари. Дел од средствата во висина од 5 119 385 денари се обезбедени од Швајцарска амбасада а дел од средствата во висина од 9 772 933 денари се обезбедени од Министерство за локална самоуправа.
„Согласно динамиката за изведување на градежните работи, целиот проект треба да биде готов во наредните 6 месеци“ информира градоначалникот Митко Јанчев.
Изведувач на работите е фирмата АС Машини.
Ангел Данов