(фото) Завршија градежните работи, Велес доби нов кеј на десната страна од река Вардар
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/Untitled-design-28.png)
Завршија градежните работи на кејот на река Вардар, соопштија од Општина Велес. На десната страна од река Вардар, се изгради кеј во должина од 200 метри на потег од мостот Гемиџии до Мало Мовче. На ова место ќе бидат поставени два киосци за продажба на сувенири како и други производи од традиционални велешки занаети.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/Untitled-design-27.png)
Градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев, преку својот фејсбук профил соопшти дека велешани после 20 години добија модерно уреден кеј.
-Ќе направиме напори во текот на оваа година да продолжиме со изградба на дополнителни 250 метри, за целосно уживање и можност за рекреација, пишува градоначалникот Колев.
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2024/01/Untitled-design-26.png)
Изградбата на кејот на реката Вардар од десната страна е дел од проектот „Креативни можности во туризмот“ финансиран од средства на Европската Унија, за преку гранична соработка меѓу Грција и Македонија. Тој ги опфаќа градовите Велес и Лерин и со него треба да се развива локалната економија.
Дума.мк
![](https://duma.mk/wp-content/uploads/2021/05/SEMM.jpg)