Жена нападнала мажи во село Горно Јаболчиште
Објавено: 1 ноември, 2021, во 10:50 часот
Во Полициско одделение Чашка, во текот на вчерашниот ден, 31 октомври, четириесет и девет годишниот С.З од село Горно Јаболчиште, пријавил дека тој, Х.З (35) и С.З (71) биле физички нападнати од четириесет и четири годишната Л.З која употребила и тврд предмет.
Од Сектор за внатрешни работи Велес информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Стефани Манева


