(фото) Љубомир Спасиќ двоен државен шампион во спуст и победник на традициоалниот „13- тто Ноемвриски спуст“

Објавено: 13 ноември, 2025, во 13:58 часот

На државното сениорско првенство во кајак – дисциплина спуст, спринт и класик, одржано на река Вардар во Скопје во неделата, натпреварувачите на Кајак кану клубот „Арка-Борец“ од Велес прикажаа врвна форма и возбудливи борби за титулите.

Во индивидуалните настапи во спринт, кајакарот Љубомир Спасиќ оствари најдобро време и се закити со титулата државен шампион на Македонија, оставајќи зад себе одлична конкуренција. Второто место му припадна на Кристијан Лазаров, со заостанување од 0.37 секунди, додека третопласиран беше Благој Гугинов, кој заостана 1.37 секунди зад победникот и двајцата од ККК „Арка –Борец“.

Во класичната трка на должина од 3 километри, Љубомир Спасиќ повторно беше неприкосновен. Тој го освои првото место со убедлива предност, оставајќи го Благој Гугинов на второто место со заостанување од 13.10 секунди, додека Кристијан Лазаров заврши трет со задоцнување од 31.96 секунди.

Во тимските настапи, триото на ККК „Арка–Борец“ во состав: Љубомир Спасиќ, Благој Гугинов и Кристијан Лазаров, се покажа како најуспешно. Во спринт екипните трки тие го освоија првото место, пред вториот тим на KKK „ Илинден-90“, кој заостана 7.61 секунди, и првата екипа на KKK „Илинден-90“ која беше третопласирана со 10.35 секунди задоцнување.

Во класичниот тимски натпревар, повторно најбрзи беа момците од ККК Арка–Борец, пред екипата на ККК „Илинден-90“  1, која заостана 41.15 секунди, и ККК „Илинден-90“  2, со задоцнување од 1:01.70 минути.

Непосредно по првенството, на традиционалниот „13 Ноемвриски спуст“ по повод ослободувањето на Скопје, Љубомир Спасиќ уште еднаш ја потврди својата доминација, победувајќи и во овој натпревар и станувајќи шампион на „13-тто Ноемврискиот спуст“.

Во изјава за Дума.мк, Љубомир Спасиќ информира дека овие натпревари, иако го означуваат крајот на сезоната за 2025 година, за него се само почеток на подготовките за сезоната 2026.

– Веќе шест недели сум во активен тренажен процес за Светското првенство за сениори кое ќе се одржи во мај во Бања Лука, Босна и Херцеговина — патека која добро ја познавам и каде очекувам да постигнам голем успех за Македонија, додаде Спасиќ.

Државното првенство уште еднаш ја потврди силата и квалитетот на македонските кајакари, а особено на клубот ККК „Арка–Борец“, кој со овие настапи ја заокружи сезоната на највисоко можно ниво.

Стефани Манева

Сподели:

Напиши коментар

Станете член на ДУМА.мк и споделете го вашето мислење преку коментар. Кликнете тука за да се најавите.