Изборно собрание на Здружението на спортски ветерани на Велес
Спортските ветерани на своето собрание повторно за претседател го избраа Димитрија Андонов. Секретар е Пенчо Јанев а за финасиите ќе се грижи Стеван Николиќ. Даден е отчет за работата во изминатите четири години, се разгледа финансискиот извештај и беше избран нов управен одбор во кој се назначија истакнати имиња на велешкиот спорт. За прв пат се офирми и Совет на честа. За член на федерацијата на спортски ветерани е избран Петре Климкаров.
Старо новиот претседател Димитрија Андонов-Пире за Дума изјави:
-Имавме успешни четири години за што и добивме признание за развој на спортот во градот. Реализиравме низа проекти меѓу кои „Турнирот на великаните на велешкиот ракомет“, потоа „Правилен раст при телесни деформитети на деца“ кој го водеа стручни лица. За периодот кој следи е издавањето на трудот 70 години ракомет во Велес, Ракометен турнир во Косово во Урошевац, Фудбалски натпревар на ветераните на Борец со соодветен противник, Турнирот во борење и традицииналниот меѓународен ракометен турнир во Велес на кој се очекуваат гости од Србија, Косово и Грција.
Лазар Лазаровски