Пораз и на третото гостување на фудбалерите на „Борец“
Објавено на 28 август, 2021 во 19:14
Велешки „Борец“ загуби на гостувањето во Скопје од екипата на „Македонија Ѓорче Петров“ со резултат 3:2.
„Борец“ поведе со 1:0 а домашните израмнија на 1:1 што беше резултат со кој се замина на одмор.
Во вториот дел домашните поведоа но „Борец“ израмни. До крајот играчите на „Македонија Ѓ. П.“ постигнаа уште еден гол со кој стигнаа до победата. За Борец головите ги постигна Лука Трајковски а за домашните Адем Ермедин, од коишто два од пенал.
„Борец“ на овој натпревар покажа одлична игра во поле но повторно не беа искористени неколку шанси, а во одбраната беа направени неколку грешки поради не искуство на младите фудбалери за кои мораме да кажеме како одминува времето ќе бидат се по сиграни и по добри.
Лазар Лазаровски