Нерешено заврши дерби натпреварот Вардар-Тиквеш
Публика и навивање за прва лига, но фудбалска претстава за во трета. Очекувано, дербито на Тиквешијата помеѓу Вардар Неготино и Тиквеш 2014 го исполни стадионот во Неготино, но за разлика од првото сезонско дерби одиграно во Кавадарци, неготинчани не видоа погодоци.
Иако и двете екипи имаа свои шанси, сепак почетните 0-0 останаа и по последниот судиски свиреж, можеби како најреален резултатски епилог, по кој Вардар останува лидер на табелата, а Тиквеш 2014 сеуште без пораз во пролетниот дел од шампионатот, но сеуште далеку од местата кои водат во баражот за втората лига.
Во наредното коло Тиквеш на домашен терен го пречекува тимот на Млекар.
Oвој спортски настан имаше хуманитарен карактер. Парите од продадените влезници по цена од 100 денари ќе бидат донирани за лекување на Илија Таневски од Неготино. Со свои средства во хуманитарната акција се вклучија и навивачите од навивачката група „Лозари“./A.Д