Македонија под уставното име во Шпанија!
На неколку дена сме пред стартот на Светското првенство во Шпанија, кое ќе се одржи од 11 до 27 јануари, а каде што Македонија е во групата “Б” во Севиља заедно со репрезентациите на Чиле, Катар, Русија, Исланд и Данска.
Она што го привлече вниманиетието на македонската јавноста е Македонија под уставното име на официјална веб страница на светското првенство во ракомет, објави Тера телевизија.
Повеќето веруваат дека оваа вест реба да е мотив плус за нашите ракометари достојно да не’ презентираат пред светската спортска јавност.
Лазаров еден од играчите кој се издвојува во македонската репрезентација. Тој беше најдобар стрелец на Светското првенство во 2009. И не само тоа туку и најдобар резултат било кога постигнат на било кое светско првенство во ракомет. Кирил Лазаров беше брилијантен и во 2012 на Европското првенство во Србија, кога тој го водеше својот тим на извонредното петтото место. Лазаров, кој ги брани боите на Атлетико Мадрид, е најважниот играч на македонската драма и мотиватор на тимот. На официјалната страница на мундијалот е забележан и неуспехот на нашите ракометари во Шведска на квалификациите за олимписките игри. Збор два има и за селекторот Звонко Шундовски кој воедно е и тренер на романскиот шампион Констанца. Се споменува и Наумче Мојсовски кој го предводи Скопски Металург.
Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Звонко Шундовски, го соопшти конечниот список на играчи кои ќе ги бранат боите на Македонија, на престојнот Мундијал ќе носи 18 ракометари, од списокот отпаднаа голманот Златко Даскаловски и Митко Стоилов.
Првиот натпревар Македонија ќе го одигра против Чиле на 12. јануари, потоа ќе следуваат мечевите со Катар (13.01), Исланд (15.01), Русија (16.01) и Данска (18.01)