Фени го надигра Вардар!
Кошаркарите на “Фени индустри“ стигнаа до нова победа против тимот на Вардар.
По доаѓањето на Миодраг Кадија на кормилото на тимот ефектот од играта на кошаркарите е очигледен.
Денешниот натпреварот го започна Бојан трајковски со почетните пет поени, а по седум минути игра Вучуровиќ го доведе резултатот до +11, предност која беше актуелна и на крајот на првиот период кој заврши со 23-12 за Фени. Солидната предност придонесе избраниците на Кадија да влезат поопуштено во вториот кварал, за разлика од гостите кои одкако ја надминаа старната трема продолжија доста мотивирано, но сепак ниту тоа не беше доволна да намалат дел од предноста на домаќинот која на полувремето се зголеми на +14, и се замина на полувреме со 44-30.
На два пати во второто полувреме гостите успеаа во својата намера да ја намалат предноста на Фени на само 6 поени, но неискуството и разликата во квалитет беше пресуден. Во продолжението на мечот Фени повторно стигна до максималната предност од 18 поени, за на крај мечот да го заврши со победа од 13 поени, 87-74./ A.Д