Златен медал за каратистите од „Кожуф“!
Младите каратисти од карате клубот „Кожуф“ од Кавадарци се вратија со златен медал од Балканското првенство за деца и младинци што викендов се одржа во Крагуевац, Србија.
„До победничкиот пиедестал стинавме откако најпрвин во првото коло ја победивме репрезентацијата на домаќинот, Србија, со 4:1. Со ист резултат во второто коло ја побдеивме репрезентацијата на Турција. Во финале репрезентацијата на Грција ја победивме со 5:0“ рече Ивана Аврамова, тренер на клубот.
Покрај овој успех на ката тимот на “Кожуф”, во поединечен натпревар во кати кавадарчанката Ивана Муфтарова освои бронза. Освоени се и две петти места, Владанка Аврамова во кумите до 35 килограми и Миа Маневска во натпревар за кати поединечно.
На првенството учествуваа 1.630 натпреварувачи од Словенија, Грција, Кипар, Унгарија, Романија, Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија, Хрватска, Босна, Австрија, Албанија./ А.Д