Средношколскиот дом во Битола и студентскиот центар од Скопје се севкупни победници на македонската „Домијада 2023“(фото и видео)

Битолскиот средношколски дом „Мирка Гинова“ и „Студентски дом „Скопје“ од Скопје славеа севкупна победа на затворањето на манифестацијата „Домијада 2023“. Со свеченост и доделување на дипломи и пехари, во саботата вечер, заврши 29 по ред македонска „Домијада“.
На свеченоста во дворот на Средношколскиот дом „Лазар Лазаревски“ во Велес, кој годинава беше домаќин, на средбите во спортските натпревари освоени се следниве награди.



Првото место во ракометниот натпревар за средношколки го освои екипата на „Мирка Гинова“ од Битола и второ пласирана е екипата на „Здравко Цветковски“ од Скопје. Во натпреварите во шах за средношколки победи екипата на „Мирка Гинова“ од Битола, второто место и припадна на екипата на „Браќа Миладиновци“ додека третото место го освои екипата на „Здравко Цветковски“ од Скопје. Во шах за средношколците најдобра беше екипата на „Партение Зографски“ од Скопје, второ место освои екипата на „Мирка Гинова“ од Битола и трето место екипата на „Здравко Цветковски“ од Скопје. Во натпреварите во мал фудбал прво место освои екипата на „Димитар Влахов“ од Струмица, второ место екипата на „Браќа Миладиновци“ од Штип а трето место екипата на „Ванчо Питошевски“ од Охрид. Пин понгарките на „Мирка Гинова“ од Битола се првопласирани, на „Партение Зографски“ второпласирани и на „Браќа Миладиновци“ од Штип се третопласирани. Кај машките екипи во пинг понг прво место освои екипата на „Браќа Миладиновци“ од Штип, второ место екипата на „Партение Зографски“ од Скопје и трето место екипата на „Мирка Гинова“ од Битола. Во кошарка прво пласирана е екипата на средношколките од домот „Томе Стефановиќ Сениќ“ од Скопје, второ пласирана е екипата на „Лазар Лазаревски“ Велес и трето пласирана екипата на „Здравко Цветковски“ од Скопје додека во ракомет победи екипата на средношколците на „Здравко Цветковски“ од Скопје и второто место го освои екипата „Лазар Лазаревски“ од Велес.


Екипата на студенти на домот „Кочо Рацин“ е победник во мал фудбал и второ пласирана е екипата на „Пелагонија“ од Скопје. Во шах победи екипата на машки студенти на „Браќа Миладиновци“од Штип и второто место го освои екипата на „Студентски центар Скопје“ од Скопје додека кај жените, шахистките на „Браќа Миладиновци“ се прво пласирани и на „Студентски центар Скопје“ од Скопје се второ пласирани. Во пинг понг првото место го освои машката екипа на „Кочо Рацин“ од Битола и второто на „Студентски центар Скопје“ од Скопје додека пинг понгарките на „Никола Карев“ се пласираа на првото место и на „Студентски центар Скопје“ на второто место.
На „Домијада 2023“ учествуваа и пинг понгарските женски екипи на средношколските домови „Свети Наум Охридски“ од Скопје кои го освоија првото додека второто место им припадна на пинг понгарките на „Искра“ од Штип.
Најдобар Стрелец во мал фудбал, со постигнати шест голови, е прогласен средношколецот Дејан Матевски.

Во натпреварите во пинг понг на вработени воспитувачи победија Семра Бекир и Дејан Гиновски додека второто место го освоија Васил Фотиновски и Ана Ванчева.


За најдобри уметнички дела се прогласени сликите на Милена Пешевска, Афродита Гоцева и Андреас Петровиќ учесници во Ликовна колонија организирана во рамките на „Домијада 2023“.
Ангел Јаневски
