Бајден без да го спомне Џонсон изјави дека со нетрпение ja очекува понатамошнaта соработка со Британија
Американскиот претседател Џо Бајден со нетрпение ja очекува понатамошнaта блиска соработка со британската влада, изјави тој без да го спомене премиерот Борис Џонсон кој вчера поднесе оставка поради бројните скандали.
„Обединетото Кралство и Соединетите Американски Држави се најблиските пријатели и сојузници, а специјалниот однос меѓу нашиот народ останува силен и траен“, рече Бајден во изјавата неколку часови откако Џонсон ја објави својата оставка.
„Со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата блиска соработка со владата на Обединетото Кралство, како и со нашите сојузници и партнери ширум светот, за низа важни приоритети“, рече Бајден.
Тоа вклучува „одржување силен и обединет пристап за поддршка на народот на Украина“, рече Бајден.
Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер истакна дека Бајден и Џонсон се сретнале неодамна за време на патувањето на претседателот во Европа.
„Тие имаа прилично пријателска и блиска интеракција“, им рече Жан-Пјер на новинарите. „Веруваме дека нашиот сојуз со Обединетото Кралство ќе продолжи да биде силен.
Двете земји имаа историски блиски врски, вклучително и партнерство во инвазијата во Ирак предводена од САД, која беше остро критикувана. Поранешниот американски претседател Доналд Трамп и Џонсон имаа комплементарни националистички верувања.