Денес облачно и магливо, од утре дождови и пад на температурите
Објавено на 8 ноември, 2021 во 09:01
Времето денес претпладне по оделни котлини, особено вдолж Повардарието, со појава на магла, во останатите делови сончево со мала до умерена облачност.
Во текот на денот облачноста ќе се зголеми, па ќе преовладува умерено до значително облачно и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец.
Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време. Утре ќе има појава на слаб локален дожд и ќе дува засилен северен ветер, што ќе услови намалување на дневната температура во следните денови.
Услови за локален дожд во југоисточните делови ќе има и во среда. Кон крајот на неделата ќе се намали и утринската температура.