Денеска ќе преовладува сончево време
Објавено на 23 септември, 2021 во 09:22
Времето претпладне особено на север и на исток ќе биде променливо облачно, а во останатите делови и особено попладне ќе преовладува сончево време. Наутро ќе биде посвежо, а преку денот ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
До сабота утринските температури ќе бидат многу ниски и на некои од повисоките места ќе се спуштат и до 0 степени. Од петок и за време на викендот дневната температура насекаде ќе се покачи, а на планините ќе биде натпросечно топло.