Поскапуваат бензините за еден денар!
Објавено на 26 август, 2013 во 11:19
Од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар бензините, дизелот и екстра лесното масло за домаќинства. Ваква одлука донесе денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 82 денари, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,50 денари. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 70,50 денари за литар, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 59 денари.
Поскапува и мазутот М-1 НС за 0,193 денари и килограм од тој енергенс ќе се продава за 41,603 денари.
