Државни резерви: И во октомври намалување – зошто се топат резервите?
Девизните резерви се намалуваат. Народната банка, по последниот состанок на Комитетот за оперативна монетарна политика, соопшти дека трендот на намалување продолжил и во октомври, но дека адекватноста на државните резерви и антаму е во сигруна зона. Зошто се топат државните резрви? Од јанари до септември, во споредба со истиот период лани, државните резерви се намалени за 247 милиони евра. Паѓа вредноста на монетраното злато, но има пад и кај хартиите од вредност, валутите и депозитите. Дел од економистите сметаат дека оваа состојба е очекувана кога има одливи по основ на отплата на долгови а во отсуство на кредитни приливи. Но дали девизните резерви треба да се потпираат најмногу на кредитните задолжувања?, пишува Фактор.
Се полнат од кредити, се трошат за кредити..
Заклучно со третиот економски квартал од годинава, садото на државните резерви изнесуваше 2,187 милијарди евра. Намесечно ниво, или во однос на август е забележан раст од 10 милиони евра, но на годишно ниво, државните резерви се во пад. Според последните, најнови информации од Народната банка, оваа состојба на намалување на државните резерви продолжила и во октомври.
“Според последните расположливи податоци, во третото тримесечје на 2015 година девизните резерви забележаа пад, а благо намалување е забележано и во текот на октомври. Гледано преку факторите на промена, намалувањето на резервите во овој период е последица, пред сѐ, на редовното отплаќање на надворешните обврски од страна на државата, а во многу мал дел и на нето-продажбата на девизи на девизниот пазар од страна на НБРМ. Сепак, девизниот пазар веќе подолг временски период е стабилен и НБРМ не интервенира со продажба/откуп на девизи“, информираат од Народната Банка.
Според дел од економситите, во состојба на поголеми одливи за отплата на долгови а без нови кредитни надворшени задолжувања, намалувањето на резервите треба да е очекувана последица.
“Намалувањето на девизните резерви е очекуван тренд кога од една страна има големи отплати на долгови а од друига страна нема приливи по основ на кредити како и поголем откуп на девизи на девизниот пазар. Државните резерви според мене повтроно ќе пораснат кога Владата ќе го земе кредитот за гасификација и ќе ја издаде новата Еврообврзница. Во делот на кредитот во вредност од 90 милионие евра, наменет за гасификација, сметам дека иам заднина со оглед на тоа што може да се користи и за буџетска поддршка. Треба да се види и каква ќе биде висината на новата Еврообврзница, пари кои директно ќе лагнат во девизните резерви и тогаш тие ќе покажат раст“, вели поранешниот гувернер Петар Гошев.
Текстот во целост прочитај го тука.
