Започна забавата, Хрватска го слави влезот во ЕУ!
Ден пред влезот за полноправно членство во Европската унија, Хрватска е сврстена како членка на службената интернет страница на ЕУ (www.europa.eu). Освен што државата веќе од денеска е на листата на 28 земји членки на унијата отворена е и страница на хрватски јазик преку која на Хрватите им се соопштени сите информации за ЕУ, од закони и прописи, преку можности за користење на ЕУ фондовите до можност за вработување во земјите членки на ЕУ.
Точно на полноќ илјадници граѓани на загребскиот главен плоштад ќе го дочекаат влегувањето на Хрватска во Европската Унија. Нив ќе ги поздрават претседателот Милановиќ и премиерот Јосиповиќ како и повеќемина европски политичари. Забавата граѓаните на Хрватска ќе ги чини 6 милиони куни.
Менито со кое Јосиповиќ и Милановиќ ке ги почестат гостите како европските дипломати, претседателите на државите и дипломатскиот кор на свечената вечера е составено од традиционална храна од сите региони во државата. Владата на својата официјална страна ја објави листата на јадења и пијалоци.
За добредојде вруќ леб со неколку зрна сол, а ќе се пие пењушаво вино. Ќе има и автентично козјо и овчо сирење со разни видови на овошје потоа гостите ќе пробаат риба и на крајот печено јагнешко месо под сач а гарнирите ќе бидат составени од млад компир, грав, грашок, зелка.
За десерт ќе биде послужен традиционалниот колач салењак. Гостите ќе ги пробаат и најквалиетните хрватски вина.