Хан и Ховит на Твитер: „Договорот од Пржино е жив, приоритет се и медиумите“
Добра порака испраќа гласањето во Парламентот на Македонија за одложување на изборите за 5 јуни. Договорот од Пржино е жив. Сите партии мораат целосно да се ангажираат, да помогнат во подготовка на кредибилни избори и да ги поттикнат реформските приоритети, вклучувајќи ги и оние во медиумите.
Благодарност до европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, амбасадорот на ЕУ и амбасдорот Бејли и на меѓународната заедница за нивната континуирана поддршка, напиша утрово на Твитер еврокомесарот Јоханес Хан, во врска со одлуката на Парламентот предврементит парламентарни избори да се одложат за 5 јуни.
Европратеникот Ричард Ховит, кој вчера заедно со неговите колеги Кукан и Вајгл беа во Македонија доцна синоќа преку оваа социјална мрежа порача дека „во изјавата на ЕУ и САД се вели дека реформите во медиумите и натаму се дел од изборниот процес и претстои напорна работа доколку сакаме кредибилни избори“.
– Тоа што за одложувањето на изборите гласаа само пратениците од владејачката коалиција кажува: Жалиме за пропуштената можност да се најде консензус меѓу партиите, беше последната порака на Твитер на Ховит синоќа.
Извор; Нова