Адвокатите на обвинетите во „Диво насеље“ го напуштија судењето
Се прекина денешното судење за случајот „Диво насеље„, јави Телма .
Ваквата разврска на ова судско рочиште се должи на напуштањето на адвокатите на обвинетите.
Имено, тие го напуштија денешното судење барајќи минимално исполнување на услови за одржување на истото.
Исто така побараа и роднините на осомничените да бидат присутни внатре во судницата.
Судијата им одговори на адвокатите дека тие се капацитетите на судницата, на што адвокатите реагираа дека нема да се вратат на судењето.
Судијата им се закани на адвокатите дека тие ќе бидат казнети и дека ќе ги платат сите судски рочишта, а едно рочиште чини неколку илјади евра.
По ова, адвокатите не се вратија, во судницата, а судијата им одреди на тројцата адвокати да ги платат трошоците од судското рочиште.
Инаку, ново судско рочиште за случајот „Диво насеље„ е закажано за 8 март.