Иванов: Македонија нема да дозволи зголемување на безбедносните ризици од мигрантската криза
Со затворање на балканскиот коридор, очекувано беше да се зголемат обидите за насилно и илегално влегување во Македонија, порача шефот на државата во обраќањето доцна вечерва по завршувањето на седницата на советот за безбедност, јави 24 Вести.
Иванов вели дека отсуството на комуникација и соработка меѓу политичарите и безбедносните служби на Република Македонија и Република Грција и неможноста да се воспостават заеднички оперативни тимови за брза интервенција доведе до оваа ситуација.
Најави дека деновиве ќе оствари телефонски разговори со претседателите и премиерите на земјите долж коридорот, кои учествуваат во носењето одлуки во советот на Европската Унија за менаџирање на мигрантската криза, со претседателот на Европскиот Совет, како и со холандскиот Претседавач со Советот на ЕУ.
Извор:24 Вести