Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Битола – Ресен
На патниот правец А3 обиколница Битола-Ресен на 70+300 км, поради свлечиште патот е во прекин во двата правци. Како алтернатива, сообраќајот е пренасочен преку градот Битола.
Општинскиот пат с. Долни Полог- с. Облешево пред Кочанска река е во прекин поради прекопан коловоз и е направен канал за одводнување на надојдена атмосферска вода од врнежи на дожд.
На патниот правец Р1404 Марвинци – Балинци – Брајковципод надвозникот кај клучка Марвинци поради излевање на каналите има вода на коловозот. Се препорачува користење на алтернативен патен правец Удово – Валандово – Гевгелија и обратно. Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на коловозот и нормализирање на сообраќајот.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
Магла со видливост до 50 метри има на Стража.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде е можна почеста појава на одрони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.