Временска прогноза
Објавено на 20 мај, 2016 во 07:06
Под влијание на влажен бран денеска и во сабота времето ќе биде облачно со врнежи од дожд и појава на грмежи. На повеќе места врнежите ќе бидат пообилни, во петок во западните и северните делови, а во сабота во јужните делови.
Се очекува да наврнат над 30 л/м2, а локално и околу 50 л/м2. Во сабота дневната температура ќе биде значително под просекот за овој период од годината.
Денеска температурата ќе достигне до 21 степен.
Од недела се очекува стабилизирање со пораст на дневната температура. Услови за локален дожд ќе има во вторник.