Временска прогноза
Објавено на 28 јули, 2016 во 05:50
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.
Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен дожд и грмежи. УВ=8. Температура до 33 степени.
Во наредните денови температурите ќе бидат во пораст, а особено топло ќе биде за време на викендот и во почетокот на наредната недела.