Опозицијата ја обвини власта за подготовка на фалсификат на изборите!
Опозицијата предводена од „Сојузот за иднината“ ја обвини власта дека подготвува нов изборен фалсификаст. 345 лица од Мала Преспа преку ноќ добиле лични карти со адреса во Скопје и се нашле на Избирачкиот сисок.
„Се наоѓаме на сдреса „Васил Ѓоргов“ број 24, зграда во населбата Капиштец, каде во стан 27, верувале или не има пријавено дека живеат 31 лице, евидентирани како гласачи во ИС. Лицата кои се запишани како гласачи се сомневаме дека се од Мала Преспа од Албанија, кои треба режимот да ги злоупотреби на денот на гласањето. Најскандалозниот пример дека се рабопти за класична изборна измама е адресата „Максим Горки“ број 11, влез 1, стан 2, каде се запишани 60 лица“, изјави Игор Ивановски, шеф на изборен штаб.
Според обвинувањата на опозицијата, во измамата е вклучено и Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен приостор, бидејќи дел од становите се во негова сопственот.
За да ги докажат тврдењата, од Сојузот за иднината доставија и видео-материјал, на кој се гледаат нивни активисти како проверуваат кој живее на наведените 18 адреси Скопје.
Опозицијата побара одговорност од Министерката за вантрешни работи, Гордана Јанкуловска. Најави дека подготвува кривична пријава против неа, потенцирајќи дека нивните денешни тврдења се последното предупредување до Власта да се откаже од намерите, како што велат, за дрска изборна измама.
Реакција на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ креира алиби за непризнавање на изборните резултати – Владејачката ВМРО-ДПМНЕ во реакција на обвинувањата од СДСМ за изборна измама со „фантомски гласачи“ оценува дека опозициската партија продолжува да го реализира својот план за креирање алиби за непризнавање на изборните резултати и волјата на граѓаните.
Според ВМРО-ДПМНЕ, неколку пати медиумите и експертите, посочија дека опозицијата подготвува такво сценарио и алиби за да го оправдала својот пораз на локалните избори./ А.Д
извор: Телма