Регистриран послаб земјотрес во Скопје!
Објавено на 21 март, 2013 во 08:12
Апаратите на Сеизмолошката опсерваторија при Природно- математичкиот факултет во Скопје, синоќа во 20:50 часот регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од скопското епицентрално подрачје.
Според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван во Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала – 1998.