Дневната евтина струја конечно во историја?!
Уставниот суд на денешната седница одлучи дека не треба да се поведе постапка со која би се оценувал тарифникот за електрична енергија кој го има донесено Регулаторната комисија за енергетика.
Според Уставен, укинувањето на дневната тарифа за евтина струја не било спротивно на уставните начела.
Уставните судии беа децидни дека за социјалниот аспект на ваквата одлука не требало да размилуваат регулаторите, туку Владата и Собранието.
Претседателот на Уставниот суд, Бранко Наумов, смета дека тоа што граѓаните неможеле да плаќаат струја било сосема друга работа и собранието требало да им излезе во пресрет.
Минатата година во јули, Регулаторната комисија за енергетика го донесе новиот тарифен систем за електрична енергија, со кој се укина евтината тарифа во работните денови.
Иницијативата беше поднесена од граѓанинот Стрезо Стрезовски, а беше поддржана и од граѓанската иницијатива Аман и од Хелсиншкиот комитет.