Повик до ССМ, конечно да застанел во одбрана на работничките права!
Објавено на 24 април, 2013 во 18:42
Сојузот на синдикати на Македонија денеска доби повик од Левичарското движење „Солдарност“ и „Ленка“да излезе на протести на 1. Мај и да застанат во одбрана на работничките права, јави А1он.мк
Овие две здруженија го обвинија ССМ за окупирање на фотељите од бирократските елити кои не водат грижа за социјалните права на работниците.
За во понеделник беше најавена трибина „Зошто социјалниот дијалог не дава резултати“. На 1. Мај овие социјални движења ќе се соберат на протест во заштита на работникчките права.
„ССМ ќе успее да се избори за едно право, но од друга страна губи десет. Ги повикуваме граѓаните да ни се придружат да можеме заедно да се избориме за социјална правда“ беше речено на денешниот протестен собир.