Ноќеска исечени дрвата пред „Бристол“
Објавено на 26 април, 2013 во 07:49
Под силно полициско обезбедување, ноќеска, беа исечени дрвата во близината на „Бристол“ каде владата планира да ја изгради зграда за „ЕЛЕМ“, пренесе Бриф.
Акцијата за сечење на дрвата се случи во 3 часот по полноќ откако вчера протестираа жителите од околните згради. Тие со жив штит го оневозможија натамошно сечење на дрвата, а попладнето ги урнаа тарабите поставени заради градежни работи.
Вчера доцна попладнето новиот градоначалник на Центар Андреј Жерновски им даде поддршка на граѓаните кои се револтирани и најави за денеска став на општината и можност да се донесе одлука за стопирање на градежни работи./А.Д